Раководството на Лајпциг нема наремара да ја намали цената на Тимо Вернер, кој во последно време се поврзува со многу европски гиганти.
„Лајпциг нема намера да ја намали откупната клаузула за Тимо Вернер. Тоа нека им биде јасно на сите заинтересирани клубови за напаѓачот“, изјави претседателот на клубот, Оливер Минтцлаф.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Вернер во договорот има откупна клаузула од 55 милиони евра која важи до 15-ти јуни, а после тоа таа ќе порасне до 64 милиони евра.
Ливерпул важи како фаворит за неговиот потпис, но не е спремен да ја плати оваа сума.
Во трката за напаѓачот се уште Челзи, Манчестер Јунајтед и Интер, па останува да видиме дали овие клубови се спремни да ја платат откупната клаузула.