Новата ѕвезда на аргентинскиот фудбал, Лаутаро Мартинез потврди дека преговорите за негов трансфер во милански Интер се при самиот крај.
Напаѓачот на Расинг игра фантастична сезона и беше посакуван од многу европски гиганти, но Интер беше најбрз и ја победи конкуренцијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лаутаро Мартинез доби повик за аргентинската репрезентација и се очекува да дебитира против Италија, а самиот потврди дека е на чекор од трансфер во Интер.
„Скоро се со Интер е договорено. Отануваат само уште неколку детали, но кога ќе се вратам од репрезентативните обврски ќе се сретнам со претседателот да го комплетираме трансферот. Во моментов сум 100% насочен кон натпреварите на Расинг, а од лето ќе мислам за Интер“, изјави Мартинез.