Дома Фудбал Италија Лаутаро го чека казна, го плукнал Тео Хернандес во дербито🎥

Лаутаро го чека казна, го плукнал Тео Хернандес во дербито🎥

Италијанските медиуми пренесуваат дека е покрената дисциплинска постапка против напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Миланското дерби заврши со победа на Милан (1:2), а после последниот судиски свиреж беше видена немила сцена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Тео Хернандес во последната минута доби црвен картон и додека го напушташе теренот, беше нападнат вербално од Лаутаро Мартинез, кој во тој момент беше на клупата за резерви.

Камерите го фатија Аргентинецот и како го плука дефанзивецот на Милан, што е казниво и може да добие неколку натпревари суспензија.

Дисциолинската комисија ќе го разгледува случајот и ќе донесе одлука во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…