Дома Фудбал Останато Лапорта објави имиња на 15 клубови кои ќе учествуваат во Суперлигата

Лапорта објави имиња на 15 клубови кои ќе учествуваат во Суперлигата

Откако Јувентус го промени раководството, Реал Мадрид и Барселона останаа да бидат клубовите кои најмногу се залагаат за формирање на Суперлигата.

Суперлигата неодамна го доби спорот со УЕФА која повеќе нема право да ги санкционира клубовите кои ќе учествуваат, а сега претседателот на Барселона објави 15 клубови кои прифатиле да учествуваат.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Покрај секако Барселона и Реал Мадрид тука се: Интер, Милан, Рома, Наполи, Бенфика, Спортинг, Порто, три клуба од Холандија, Андерлехт и Клуб Бриж. На списокот нема клубови од Премиер лигата, за нив не ме интересира, тие си имаат своја Суперлига и се вика Премиер лига.

 Го нема ниту ПСЖ затоа што неговото раководство има важна улога во УЕФА. Верувам дека ако Суперлигата не започне оваа сезона, ќе започне во сезоната 2005/2006“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тој би сакал во Барселона, а агентот закажа неочекуван состанок: Неверојатен пресврт во кариерата на Влаховиќ

Душан Влаховиќ на крајот на оваа сезона останува без договор со торинскиот Јувентус и веќе…