Вчера Барселона изгуби со 2:3 од Ајнтрахт Франкфурт и така го заврши својот настап во Лигата на Европа. Покрај резултатот она што е во фокусот по овој натпревар се навивачите на германскиот тим кои на трибините ги имаше околу 30.000, а клубот официјално доби 5.000 влезници.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чави по натпреварот порача дека Барселона отворила истрага како толку навивачи на Франкфурт успеале да бидат на трибините, а за овој случај се огласи и првиот човек на Каталонците Жоан Лапорта.




„Срамота, не смее да се повтори! Имаме повеќе информации што е причината за ова што се случи, но ќе ни треба време за се да процесираме и разгледаме. Кога ќе се знае што точно се случило ќе бидат превземени мерки, а и јавноста ќе добие објаснување. Тоа што се случи на овој натпревар е невидено и срамно“, изјави првиот човек на Каталонците.
Zoomt mal rein auf die Spieler.
— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) April 14, 2022
OG slided durchs Camp Nou.
Nun habt ihr alles gesehen.
–––––#FCBSGE 2:3 | #SGEuropa pic.twitter.com/FOA78lV79V