Дома Трансфер зона Лапорта за Обамејанг: Комплицирано е, но има надеж

Лапорта за Обамејанг: Комплицирано е, но има надеж

Во Барселона ќе се работи до последен момент, тоа го потврди и претседателот Жоан Лапорта.

Пјер-Емерик Обамејанг утрово пристигна во Барселона, но преговорите со Габонецот во овој момент се прекинати и не е познато дали ќе бидат продолжени. Од друга страна шпанските медиуми почнаа да објавуваат дека Каталонците конечно успеале да се ослободат од Осман Дембеле кој прифатил да се пресели во Челзи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанците успеаа и да добијат изјава од првиот човек на Каталонците кој потврди дека се работи на двете зделки.

„Отворени опции се уште има. Работиме и ќе го правиме тоа до последен момент. Ситуацијата конкретно со Обамејанг е комплицирана, но има надеж“, кратко изјави Лапорта.

До крајот на преодниот рок нема уште многу, па многу брзо и работите би требало да станат појасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…