Актуелниот тренер на Барселона, Роналд Куман останува на чело на тимот и следната сезона. Ова е конечната одлука на претседателот Жоан Лапорта, пренесуваат шпанските медиуми.
Последните денови Лапорта размислуваше, но откако не успеа да најде адекватна замена, реши да му даде уште една шанса на Куман.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Холанѓанецот утре ќе биде информиран за одлуката за да може слободно да ја планира следната сезона и припремите. Меѓутоа, Лапорта има едно барање од Куман, а тоа е да игра исклучиво со формација 4-3-3.
Со останувањето на Куман ќе се интензивираат и преговорите со Мемфис Депај, па се очекува во наредните денови Холанѓанецот да биде промовиран како ново засилување.