Meнаџерот на Челзи, Френк Лампард истакна дека не го интересира што другите зборуваат, тоа беше одговор на критиките на Мурињо на слабото издание на Челзи.
Лампард кариерата како тренер во Челзи ја започна со поразот од Манчестер Јунајтед (4:0) на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како стручен коментатор на „Скај Спорт“, Мурињо процени дека Лампард избрал погрешни играчи и дека „сините“ биле премногу „меки“ и не играле агресивно.
„Не ми е гајле што другите зборуваат. Тимот ни е таков каков што ни е и јас верувам во него. Не можам да ги влечам играчите од болничките кревети, без оглед на тоа дали тие имаат искуство. Ни недостасуваат играчи, но на тоа не можеме да влијаеме во овој момент“, изјави Френк.
Поради повреда на почетокот на сезоната го пропуштија Рубен Лофтус Чик, Калум Хадсон Одои и Вилијан.