Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Подготовките течат одлично, од утре ќе бидеме комплетни

Лазаров: Подготовките течат одлично, од утре ќе бидеме комплетни

Најдобрите македонски ракометари се во Стара Пазова каде се подготвуваат за настапот на Европското првенство 2024 во Германија.

Селекторот Кирил Лазаров е задоволен како течат подготовките и откри дека Никола Митревски е последниот кој му се приклучува на тимот и репрезентацијата ќе биде комплетна.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


„Работиме веќе четири дена во Стара Пазова, задоволен сум од тоа што го гледам бидејќи работиме на напад, на одбрана, на полуконтра, на враќањето назад и на физичката кондиција. Максимално го искористивме времето за да одработиме на физички план, бидејќи тука имаме играчи од различни клубови и целта е сите да бидат на исто ниво до почетокот на турнирот“.

„Можам да бидам задоволен од атмосферата во тимот, условите се извонредни, имаме и тим-билдинг и се оди како што треба. Кога имате одлични услови за работа, атмосферата во тимот е на задоволително ниво. Митревски ни се приклучува вечерва во Стара Пазова од Порто, му дадов два-три дена одмор и веќе утре ќе почне со тренажен процес. Од утре сме комлетни и се подготвуваме за предизвикот наречен ЕП“, изјави Лазаров.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Прво изненадување: Словачка ја нокаутира Белгија🎥

Репрезентацијата на Словачка го приреди најголемото изненадување до сега на Европското прв…