На денешната ждрепка ракометарките на Ѓорче Петров за противник во четвртфиналето во Европскиот куп го добија шпанскиот тим на Елче Мустанг.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Елче е исклучително силна екипа која во овој момент е третопласирана во Шпанија каде што ќе се игра и првата четвртфинална пресметка. Првиот натпревар од четвртфиналето во третото по ранг европско натпреварување ќе се одигра на 10-ти или 11-ти март, додека реваншот следи седум дена подоцна во Автокоманда.
Ако македонскиот претставник излезе како победник од овој двомеч за место во финалето повторно ќе игра против шпански тим, односно против победникот од двомечот помеѓу Гранољерс и Гран Канарија.