Дома Фудбал Италија Кутроне: Ако му дадам гол на Буфон ќе трчам 10 круга!

Кутроне: Ако му дадам гол на Буфон ќе трчам 10 круга!

Утрешното дерби помеѓу Јувентус и Милан ќе биде прво за младиот напаѓач Патрик Кутроне, кој „експлодира“ оваа сезона.

Кутроне ја игра првата сезона во Серија А и веќе има постигнато 16 гола во сите натпреварувања, но негова најголема желба е да го совлада Буфон на „Јувентус Стадиум“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тоа е мојата најнова цел. Веќе сум му постигнал гол за време на тренинзите со репрезентацијата, но сакам во официјален натпревар и на неговиот стадион. Што ќе правам ако постигнам гол? Ќе направам 10 круга на теренот. И ако се квалификуваме за Лигата на шампионите, ќе ја избричам главата“, вети младиот Кутроне, кој потоа проговори за својата иднина.

„Добив неколку понуди, но за овие работи се грижи мојот агент и клубот. Размислувам само за моето претставување на теренот и како да бидам корисен за мојот тренер. Досега играв против Јуве само во натпревар за младинци. Во еден од нив јас бев дури и голман, бидејќи нашиот беше избркан и морав да го заменам“, открива Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…