Дома Трансфер зона Кутињо станува „персона нон грата“: Како Барселона да се ослободи од него и неговата огромна плата?

Кутињо станува „персона нон грата“: Како Барселона да се ослободи од него и неговата огромна плата?

Бразилецот е отпишан на „Ноу Камп“.

Во Барселона бараат виновник за она што им се случи во вторникот во реваншот против Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од првите кои се најдоа на таа листа е Фелипе Кутињо. Бразилецот беше најлош на теренот во големиот пораз кој Барселона го плати со елиминацијата.

На клубот од „Ноу Камп“ во овој момент најголем проблем им прави неговата плата од 13.5 милиони евра годишно која би можела да биде искористена во засилувањата на позициите каде што е тоа потребно.

Кутињо добива критики и од клубот и од навивачите, од сите страни. Повеќе не е ниту сенка на оној играч од Ливерпул.

Оваа сезона Кутињо постигна само еден гол на 22 првенствени натпревари, а во Лигата на шампионите постигна голови против Манчестер Јунајтед, Лион и Тотенхем.

Медиумите очекуваат да се врати во Англија каде што ги помина најдобрите денови од својата кариера. Барселона за Кутињо плати сума од 135 милиони евра, плус бонуси во износ од 25 милиони евра.

Засега не е познато со која оштета би биле задоволни Каталонците, но јасно им е дека во овој момент најважно им е да се ослободат од неговата огромна плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…