Дома Фудбал Англија Кутињо конечно проговори за пропаднатиот трансфер и ги изненади сите

Кутињо конечно проговори за пропаднатиот трансфер и ги изненади сите

Една од најголемите трансфер саги ова лето, покрај трансферите на Нејмар и Мбапе, беше онаа помеѓу Кутињо и Барселона.

За неговата голема жал, трансферот не се реализираше, а Кутињо за прв пат јавно проговори за се што се случуваше во летниот преоден рок.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Добив официјална понуда. Како и обично, понекогаш сте заинтересирани, а понекогаш не. Моето семејство и јас бевме заинтересирани и ја прифативме понудата. Тоа беше многу комплициран месец за мене и моите блиски“, изјави Кутињо.

Бразилецот не сакаше да открива детали, но отворено призна дека ја прифатил одлуката на Ливерпул.

„Сега се е готово и морам да се сконцентрирам да имам добра сезона и да му помогнам на клубот и репрезентацијата. Секогаш сум го почитувал Ливерпул и сите луѓе кои работат во клубот. Голема е честа да добиете понуда од клуб како Барса, но и Ливерпул е голем клуб“, додаде Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…