Дома Фудбал Куртоа нема да брани за Белгија додека не се промени селекторот

Куртоа нема да брани за Белгија додека не се промени селекторот

Голманот на белгиската фудбалска репрезентација и на Реал Мадрид, Тибо Куртоа изјави дека нема да игра за националниот тим се додека на селекторското место е Доменико Тедеско.

Куртоа очигледно има недоразбирања со Тедеско кои не можат да се надминат, па голманот одлучи да не се враќа во тимот додека на кормилото е Тедеско.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Би сакал да упатам апел до белгиските навивачи и навивачите на нашата репрезентација. Чувствувам голема љубов и гордост што ја претставувам мојата земја, како и секој од вас на теренот. Горд сум што го носам репрезентативниот дрес. Дури и во моите најлуди соништа не можев да замислам дека можам да го направам ова повеќе од 100 пати. За жал, по настаните со селекторот и по многу размислување, решив да не се враќам во белгиската репрезентација под негово водство. Во ова прашање го прифаќам мојот дел од одговорноста“, истакна Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Би било интересн: Надал сака да игра турнир со Ѓоковиќ, Мареј и Федерер, но – не во тенис!

Еден од најголемите тенисери во историјата и новопечениот пензионер сака повторно да се со…