Дома Фудбал Куртоа и Облак на висина на задачата, дербито на Мадрид без голови

Куртоа и Облак на висина на задачата, дербито на Мадрид без голови

Тврди дерби на „Бернабеу“, голманите имаа своја вечер.

Во рамките од седмото коло во шпанската Примера беше одиграно големото дерби на Мадрид, Реал го пречека Атлетико но натпреварот беше завршен со најнепопуларниот резултат 0:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе во четвртата минута гостите се заканија преку, Саул, но Куртоа успеа да го одбрани неговиот удар. Десетина минути подоцна Гризман доби фантастична прилика, но Тибо Куртоа повторно беше на висина на задачата.

Неколку моменти подоцна Бејл се закани на другата страна, но неговиот удар го одбрани Јан Облак.

Вториот дел Реал Мадрид го започна со Себалос бидејќи, Герет Бејл повторно се повреди.

Како најзабелжителен момент од овој натпревар веројатно е дебито на суперталентираниот Винисиус Жуниор кого Лопетеги го уфрли во игра во 88 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Мес…