Голманот на Реал Мадрид и белгиската репрезентација, Тибо Куртоа отворено ги нападна УЕФА и ФИФА.




Белгија загуби од Италија во натпреварот за третото место од Лигата на нации, дуел кој воопшто не носеше ништо посебно но мораше да се одигра.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Куртоа воопшто не штедеше зборови за УЕФА и ФИФА, кои според него сакаат само пари и не се грижат за фудбалерите.




„Големиот број на натпревари во сезоната е само поради пари и ТВ-права. Паузата меѓу две сезони е само 15 дена и тоа е премногу малку. Следната година Светското првенство е во ноември и поради тоа ќе мора да играме до јуни“.




„УЕФА е против Суперлигата, а ниту тие не се грижат за фудбалерите, туку мислат да ги наполнат џебовите. Од друга страна, ФИФА планира првенство на секои две години? Кога ќе одмориме ние?“, вели Куртоа.