Белгискиот репрезентативец голман Тибо Куртоа вечерва конечно ќе дебитира во дресот на Реал Мадрид.
Куртоа ова лето од Челзи се пресели во Реал и после 16 дена престој во Мадрид дојде време конечно да застане меѓу стативите. Тренерот Лопетеги одлучи денес да му даде шанса на Куртоа во мечот против Жирона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, „АС“ ги предупредува навивачите на Реал Мадрид да имаат трпение со Куртоа, со оглед на фактот што во претходните шест сезони секогаш на првиот меч примаше најмалку по еден гол.
И покрај тоа, Лопетеги му верува на Куртоа и смета дека вечерва ќе покаже зошто е доведен во Реал, а навивачите се надеваат дека Белгиецот ќе ја наруши лошата традиција и нема да прими гол против Жирона.