Дома Топ вести Кунде може да си замине од Барселона и тоа бесплатно!

Кунде може да си замине од Барселона и тоа бесплатно!

Жоел Кунде е единствениот од новите засилувања на Барселона кој остана непријавен во Ла Лига и тој во ситуацијата каква што е сега не може да настапува во домашното првенство.

Каталонците имаат проблеми да го регистрираат Французинот поради финансискиот фер-плеј во Ла Лига и мораат да се ослободат од неколку фудбалери за да ја завршат регистрацијата на Кунде.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефанзивецот го пропушти првото коло, а иста ќе биде ситуацијата и овој викенд. Медиумите сега пренесуваат дека неговата иднина во клубот е неизвесна. Интересно е што Кунде во својот договор имал клазула според која може да го напушти клубот бесплатно.

Ако Барселона не успее да го регистрира тој ќе може да го раскине договорот и да си замине без оштета. Во таква ситуација Барселона само би изгубила 50 милиони евра кои ги плати како оштета да го доведе.

Мемфис Депај и Обамејанг се на излезни врати и ако тие заминат клубот без проблем би можел да го регистрира Кунде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…