Дома Фудбал Кунде: Можев и во Челзи, но ја избрав Барселона

Кунде: Можев и во Челзи, но ја избрав Барселона

Барселона денес го претстави дефанзивецот кој пристигнува од Севиља, Жил Кунде.

И Кунде го потврди она што се пишуваше во медиумите, дека бил блиску до потпис со Челзи, но на крајот Барселона победила во трката за неговиот потпис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клучен момент за тој да ја избере Барселона бил разговорот со Чави.

„Можев да се одам и во Челзи, но ја избрав Барселона поради амбициозниот проект. После разговорот со Чави веднаш ја почувствував неговата пасија и колку многу сака да бидам дел од неговиот тим. Тоа беше многу важно за мене“.

Од него Чави побарал две работи.

„Во разговорот исто така ми кажа дека од мене ќе бара да бидам агресивен и да ја изнесувам топката од одбраната“, изјави Кунде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хујсен направи нова глупост: Мбапе и Ѓулер стрелаа за три бодови за Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид извојува значајна победа на гостувањето кај Реал Сосиедад, совладувајќи го про…