Дома Фудбал Куман се сомнева: Дали Барселона навистина сакаше да го задржи Меси?

Куман се сомнева: Дали Барселона навистина сакаше да го задржи Меси?

Холандскиот стратег Роналд Куман го прекина молкот и во интервју за холандските медиуми изјави дека Хоан Лапорта „работел против него“ откако дошол на чело на клубот.

Куман тврди дека никогаш не почуствувал поддршка од претседателот Лапорта, па дури се сомнева дали раководството навистина сакало да го задржи Лео Меси.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Лапорта илјада пати ми кажа дека Чави нема да биде тренер, бидејќи немал искуство. Имам впечаток дека од првиот ден новото раководство не ме поддржа. Нема да одам на „Ноу Камп“, не можам да се преправам дека работите се во ред додека овој претседател е на функцијата“, изјави Куман, а потоа зборуваше и за заминувањето на Меси.

„Поради раководството морав да се согласам да се продадат некои важни играчи бидејќи економската ситуација беше лоша. Меѓутоа што направија тие, по заминувањето на Меси, донесоа играч за 55 милиони евра. Зошто тогаш Меси мораше да оди и дали мораше“, праша Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гундоган откри: Фудбалер на Ливерпул имал неверојатно прашање за пеколот во Истангул

Навивачите на Ливерпул искaжаа незадоволство откако Илкај Гундоган откри што го прашал еде…