Дома Фудбал Куман се огласи и проговори за преговорите со Барса

Куман се огласи и проговори за преговорите со Барса

Селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман потврди дека преговори со Барселона за преземање на тренерската позиција.

После дебаклот во Лигата на шампиони Барселона веднаш го отпушти Кике Сетиен, а Куман е фаворит за негов наследник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот веќе пристигна во Барселона и започна преговори со раководството, но тврди дека се уште ништо не е дефинитивно.

„Да, би сакал да ја водам Барса, но се уште нема ништо конечно. Се уште не се ставени потписите. До тогаш не можам да кажам ништо“, изјави холандскиот стратег.

Во Холандија и Шпанија се сигурни дека во наскоро Куман и официјално ќе биде назначен за нов кормилат на Каталонците. 57-годишниот Холанѓанец како играч помина шест сезони на „Камп Ноу“ и одигра клучна улога во освојувањето на првата титула во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп до новинарите: Дали сакате да ме отпуштите? Челси изгуби неверојатен тренер и неверојатен човек

Менаџерот на Манчестер Сити Џозеп Гвардиола разговараше со медиумите за неделното дерби пр…