Дома Фудбал Куман објасни зошто ја напушти Холандија за клупата на Барса

Куман објасни зошто ја напушти Холандија за клупата на Барса

Роналд Куман летоска изненади кога одлучи да ја напушти клупата на холандската репрезентација и да го прифати повикот од Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Куман со Холандија избори пласман на ЕП кое ќе се игра следното лето и изненади кога пред повеќе од половина година поднесе оставка од селекторското место.

Само неколку дена подоцна Куман допатува во Барселона и потпиша договор со каталонскиот клуб.

Тој пред неколку дена откри дека се’ се променило кога доживеал срцев удар во мај оваа година и од тогаш сфатил дека мора да ја прифати понудата од Барселона бидејќи можеби повеќе нема да има шанса да го предводи овој клуб.

„Имав мал срцев удар, кој некако те натера да почнеш да размислуваш поразлично. Барем во мојот случај беше така. Можеби можноста да ја тренираш Барселона е сега или никогаш. Не сакав повеќе да чекам и одлучив да го прифатам повикот од Барселона. Не жалам за одлуката и навистина уживам овде.“ – изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За првпат Македонија Светско првенство во фудбал нема да гледа на МРТ!

За помалку од еден месец стартува Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мек…