Дома Фудбал Куман му одговори на Суарез: Можеше да останеш, сам реши да заминеш

Куман му одговори на Суарез: Можеше да останеш, сам реши да заминеш

Роналд Куман беше првиот кој му соопшти на Суарез дека најдобро за него ќе биде да пронајде нова средина, а Уругваецот на крајот одлучи да се пресели во Атлетико Мадрид.

Во еден момент се доби впечаток дека Суарез ќе остане, посебно кога пропадна неговиот трансфер во Јувентус. Сепак подоцна си замина. После преминувањето во Атлетико Суарез отворено зборуваше дека не бил задоволен од третманот кој го имал во Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега Куман му одговори на поранешниот напаѓач на Каталонците.

„Тешко му беше да ја прифати мојата одлука, но јас немав проблем со него. Тренираше навистна добро, на крајот сам реши да замине. Јас му кажав дека ако остане ќе биде како секој друг играч, еден плус. Moжеше да ми докаже дека не сум во право, но замина“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…