Дома Фудбал Куман искрен: Овој тим не е на нивото на Барселона

Куман искрен: Овој тим не е на нивото на Барселона

Барселона ја заврши сезоната на трето место во Примера и со рана елиминација во ЛШ, па иднината на тренерот Куман е доведена во прашање.

Куман не знае дали ќе остане на клупата и следната сезона, но призна дека овој ти не е на нивото на Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Според мене, овој тим на Барса нема доволно квалитет за да ја гледаме онаа Барса која сите ја сакаме, го нема потребното ниво. Треба да бидеме реални. Јас го мислам тоа и многу луѓе во клубот го мислат истото“, истакна Куман.

„Се обидуваме да го подобриме тимот и мора да го подобриме. Имаме стари играчи кои докажаа дека се уште можат да играат за Барселона, има и млади играчи, но овој тим не е комплетиран“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси пристигна во Колумбија и предизвика вистински хаос (Видео)

Лионел Меси уште еднаш го докажа својот статус како светска суперѕвезда. Стотици обожавате…