Јувентус го обезбеди првото зимско засилување.
Италијанскиот шампион го заврши трансферот на шведскиот фудбалер Дејан Кулушевски кој утрово ги помина медицинските прегледи после што ќе потпише договор со „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кулушевски доаѓа од Аталанта, додека во изминатата полусезона настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Парма. Тој договор со Јувентус ќе потпише до 2024 година, додека Аталанта ќе добие 39 милиони евра.
Во последната полусезона Кулушевски одигра 19 натпревари постигна четири гола и запиша седум асистенции. До крајот на сезоната Кулушевски ќе остане на позајмица во Парма.
In corso al #JMedical le visite per Dejan #Kulusevskihttps://t.co/1ivNcRZERq pic.twitter.com/Ufc7yTn5B4
— JuventusFC (@juventusfc) January 2, 2020