Дома Фудбал Крос со болки, Рамос сигурно го пропушта „Ел Класико“

Крос со болки, Рамос сигурно го пропушта „Ел Класико“

Германскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Тони Крос предвреме го напушти денешниот тренинг на „кралевите“ во Лос Анџелес, пренесоа шпанските медиуми.

Плејмејкерот почуствувал болки во глуждот и предвреме го прекинал тренингот, а капитенот Серхио Рамос воопшто не тренираше денес поради болки во увото.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


И двајцата сигурно ќе го пропуштат пријателскиот меч со Манчестер Сити оваа ноќ, а готово сигурно Серхио Рамос нема да игра и на првото „Ел Класико“ оваа сезона на 29-ти јули во Мајами.

Утре рамо сабајле (во 5 часот по наше време) европскиот шампион ќе одигра пријателски меч против тимот на Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го скратил името на стадионот „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид поминува низ период на големи промени, а една од нив сега е и официјално потвр…