Дома Фудбал Крос за „проблемот Бејл“: Ова не е добро за никого!

Крос за „проблемот Бејл“: Ова не е добро за никого!

Фудбалерот на Реал Мадрид Тони Крос изјавил дека ситуацијата во која се наоѓа Герет Бејл не е добра за ниту еден член на клубот.

Велшанецот во текот на целата сезона се наоѓа во втор план кај тренерот Зинедин Зидан, а често беше и на трибините.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бејл се однесуваше незаинтересирано во последно време, ги нервира навивачите и сите во клубот, а Крос сега објасни зошто сето ова се случува и зошто Велшанецот станал таков.

Минатото лето Рела во последен момент го стопираа трансферот на Бејл во Џангсу Санинг. Пропаднатиот трансфер во Кина само ги продлабочи лошите односи.

„Мислам дека и понатаму е лут поради тоа, бидејќи тој сакаше да замине. Генерално целиот случај е тежок, никој не е задоволен поради тоа“, откри Крос.

„Јасно е дека Бејл не е донесен за да игра толку малку, но целата ситуација е чудна. Среќа е што тоа не влијае врз тимот“.

Оттогаш, Велшанецот е решен да го испочитува договорот со Реал до крајот, а неговиот менаџер потврди дека Бејл нема да замине ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…