Дома Фудбал Италија Критики за Роналдо: „Јувентус победи без него“

Критики за Роналдо: „Јувентус победи без него“

Јувентус испрати сигнал дека и натаму е жив. Старата дама на Сан Сиро со 1:3 синоќа го победи Милан.

Кристијано Роналдо го одигра целиот натпревар, но не беше на своето ниво. После натпреварот следуваа критики на сметка на Португалецот.

Роналдо со 14 погодоци е прв стрелец во Серија А, а според реакциите на Џузепе Бергоми и Фабио Капело ѕвездата на Бјанконерите нема право на слаб натпревар.

„Ова можеби е негов најслаб натпревар во дресот на Јувентус. Јувентус победи без него.“ – рече Капело.

„Кога ритамот е висок Роналдо се мачи, така беше и против Аталанта.“ – додаде Бергоми.

На Роналдо не му остаува ништо друго освен својот одговор да го каже на теренот со добри игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Галијани позитивен на коронавирус

Aдријано Галијани, 76 годишниот директор на второлигашот Монца е заразен со коронавирус. С…