Дома Фудбал Останато Критики за Виктор Валдес: Мисли дека ова е ФИФА, воопшто не постапи фер!

Критики за Виктор Валдес: Мисли дека ова е ФИФА, воопшто не постапи фер!

Виктор Валдес се повлече од фудбалот во 2017 година, шпанскиот голман ќе остане запаметен како дел од генерацијата на Барселона со која доминираше во Европа. Барселона ја напушти во 2014, подоцна премина во Манчестер Јунајтед, па следуваа епизоди во Стандард и Миделсбору каде што ја заврши кариерата.

По завршувањето на голманската кариера тој се реши да започне тренерска. Прво започна во Морталези, потоа работеше во младинските категории на Барселона, но не се прослави. На почетокот на јули ја превзема екипата на Хорта, клуб кој се натпреварува во третата лига и тука Валдес ја покажа својата егоцентрична страна која сме ја гледале и додека беше голман.

Сержи Морено доби отказ од Валдес во Хорта заедно со уште двајца соиграчи. Морено се реши јавно да зборува за односот на Валдес.

„Бевме во теретаната кога Валдес влезе и ни кажа да си ги собереме работите затоа што не сме во неговите планови. Тоа не беше воопшто фер од негова страна, тој мисли дека ова е како да игра ФИФА, ние сме луѓе пред се и имаме семејства. Јас живеам од ова, сега се чуствувам како го*но. Како да ги плаќам моите обврски?“, изјави Морено за „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Играчите со диктатор како Мурињо се однесуваат како овци“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Стен Колмор го нарече Жозе Мурињо диктатор. Колмор денес …