Дома Трансфер зона Кристал Палас го шокира Арсенал со цената за Вилфред Заха

Кристал Палас го шокира Арсенал со цената за Вилфред Заха

Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха побара од клубот да го пушти во Арсенал.

26-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска е главна трансфер цел на „топџиите“, но цената е голем проблем за трансферот.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Според медиумите на Островот, Кристал Палас поставил цена од 100 милиони фунти за Заха, а Арсенал во моментов е спремен да понуди половина од оваа сума.

Палас веќе се раздели со Арон Ван-Бисака, кој беше продаден на Манчестер Јунајтед за 50 милиони фунти, така што во овој момент не сака да остане и без Заха, кој минатата сезона на 36 натпревари постигна 9 гола и запиша 10 асистенции.

„Топџиите“ имаат ограничени средства за трошење и трансфер буџет од 50 милиони фунти по неуспехот да се обезбеди настап во Лигата на шампионите, па Арсенал ќе мора најпрво да продава.

Англиските медиуми пренесуваат дека Вилфред Заха побарал од раководството на Кристал Палас да ја намали цената која ја бара за него, за да може да се реализира неговиот трансфер на „Емирати“.

https://youtu.be/D_q6d5npijA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Чави Симонс се договорил со Баерн Минхен

Ѕвездата на холандската репрезентација, Чави Симонс најверојатно кариерата ќе ја продолжи …