Дома Фудбал Англија Крај на шпекулациите – познато е кој ќе го води Арсенал следната сезона!

Крај на шпекулациите – познато е кој ќе го води Арсенал следната сезона!

Менаџерот со најдолг стаж во Премиер лигата, Арсен Венгер најави дека ќе остане на кормилото на Арсенал и следната сезона.

И покрај предвидувањата дека ќе ги напушти „топџиите“, 67-годишниот стратег одлучи да остане уште најмалку една година на „Емирати“, тврдат британските медиуми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Венгер веќе цели 21 години го води Арсенал и три пати беше шампион на Англија, но последната титула во Премиер лигата ја освои пред 13 години, точно во 2004 година. На крајот на оваа сезона му истекува договорот и медиумите предводуваа дека конечно дојде времето да го напушти клубот.

Меѓутоа, Венгер на клупската управа веќе и испратил список со потенцијални засилувања за следната сезона. Францускиот тренер сака во својот тим да ги доведе Ријад Марез од Лестер и стоперот на Мидлсборо Бен Гибсон, а нивните трансфери би чинеле околу 65 милиони евра.

Наводно, покрај овие двајца Венгер сака да доведе и напаѓач, лев бек и голман со цел повторно да се обиде следната сезона да ја освои Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Переc заврши со првото големо засилување на Реал за лето, а потоа отпиша две ѕвезди на Кралскиот клуб.

Кралскиот клуб ни оваа сезона не блеска премногу, а најдобар доказ за тоа е одлуката на Пе…