Дома Фудбал Англија Крауч откри: Мурињо ми се јави и ме праша дали сум спремен

Крауч откри: Мурињо ми се јави и ме праша дали сум спремен

Прославениот англиски фудбалер, Питер Крауч раскажа како Мурињо го изненадил со телефонски повик.

Во последно време Мурињо во Тотенхем имаше големи проблеми со напаѓачите бидејќи остана без Кејн и Сон, а во јануарскиот преоден рок не успеа да доведе адекватна замена, иако Тотенхем се поврзуваше со многу имиња.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред натпреварот со Лајпциг новинарите го прашаа Мурињо кого би довел да има можност да направи нешто слично како Барселона во Шпанија, а тој брзо одговори – Питер Крауч. По овој одговор, Крауч на Твитер напиша дека е спремен. Сепак, не помислил дека Жозе ќе го побара.

„Немаше воопшто да се јавам, беше тоа повик на „FaceTime“ и затоа беше поинаков. Прво мислев дека е мојата сопруга која отиде на доделување на некоја награда. Претпоставував дека сака да ми покаже што ќе облече…Сепак, кога се јавив на другата страна беше Мурињо. Веднаш ме праша: Дали си спремен? Двајцата се насмеавме на тоа. Ми зборуваше: Дојди, Питер потребен си ни“, раскажа Крауч.

На крајот тој додаде дека сакал да одговори потврдно на барањето на Мурињо, меѓутоа сепак бил решен да остане на одлуката да ја заврши кариерата, најмногу поради тоа што ќе му треба време да се врати во вообичаената кондиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…