Дома Останати Кошарка Кошаркарско чудо од Хрватска: На 12 години постигна 57 поени за Реал Мадрид и сруши рекорд!

Кошаркарско чудо од Хрватска: На 12 години постигна 57 поени за Реал Мадрид и сруши рекорд!

Тони Гарма, 12-годишно кошаркарско чудо од Хрватска беше гостин на Реал Мадрид на турнир за кошаркари до 13 години.

Станува збор за турнир кој е најпознат во Шпанија за таа возвраст, а на него младиот хрватски кошаркар освои сребро како играч на Реал Мадрид. Во финалето славеше Барселона, но Гарма сруши неколку рекорди.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На шест натпревари тој постигна 170 поени, го сруши рекордот на турнирот по број на поени во еден натпревар, постигна 57.

„Навистина ни е чест што најголемиот европски клуб го повика Тони да биде член на нивната екипа“, објавија од МКК Загреб, матичниот клуб на Гарма.

Неодамна тој беше во фокусот на вниманието откако во Хрватска во победата на Нов Загреб постигна 73 поени, неговиот тим славеше 94:73. Тој во овој момент е прв трелец со 467 поени на 11 натпревари што во просек 42.5 поени по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На легендарен тренер му изгоре домот до темел (Видео)

Од САД пристигна шокантната вест дека куќата на легендарниот тренер на Мајами Хит, Ерик Сп…