Напаѓачот Диего Коста синоќа го имаше своето второ деби за Атлетико Мадрид, а после натпреварот не ја криеше радоста.
„Јорганџиите“ во Купот ја совладаа Леида со 4:0, а еден од головите беше дело токму на Диего Коста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу сум среќен што повторно имам шанса да се чувствувам како фудбалер и што играм за Атлетико Мадрид. Тоа ми е многу важно. Не можев да барам повеќе од првиот натпревар. Повторно сум на терените, а имав и среќа да постигнам гол“, изјави Коста.
Шпанскиот репрезентативец се врати во Атлетико после три сезони поминати во Челзи. Клубовите трансферот го договорија во септември, но Коста немаше право на настап до 1-ви јануари поради суспензијата за трансфери на мадридскиот клуб.