Дома Топ вести Косово доаѓа во Скопје без својот најдобар напаѓач

Косово доаѓа во Скопје без својот најдобар напаѓач

Како што пренесуваат косовските медиуми, играчот на Лацио, Ведат Муричи нема да допатува во Скопје за натпреварот против Македонија.

Од италијанската екипа не сакале да го пуштат Муричи за дуелот против Македонија поради повреда, за која не сакаат да ризикуваат дополнително.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ова е дополнителен хендикеп за Косово пред важниот натпревар против нашата селекција, ако се знае дека претходно беше потврдено дека селекторот Шаланде нема да може да смета на уште неколку играчи, меѓу кои и најдобриот косовски фудбалер Рашица.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра во четврток од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…