Дома Фудбал Контроверзен предлог на претседателот на Бразил: „Ако играш во Европа, не можеш да влезеш во репрезентацијата“

Контроверзен предлог на претседателот на Бразил: „Ако играш во Европа, не можеш да влезеш во репрезентацијата“

Претседателот на Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва, предизвика жестоки реакции и голема дебата со својата изјава за фудбалската репрезентација на земјата што ја предводи.

Да Силва смета дека во бразилската репрезентација нема место за играчи кои не играат во Европа.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Откако Бразил го победи Чиле во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, претседателот реши да излезе и да им објасни на луѓето од тамошниот фудбалски сојуз како да си ја завршат работата.

Претседателот истакна дека верува оти играчите кои играат во Европа не се ништо подобри од оние кои играат во домашното првенство.

„Тие што играат во странство не се ништо подобри од оние што играат овде. Долго време се залагав во бразилскиот тим да има играчи кои играат во својата земја. Двајцата играчи кои вчера постигнаа гол настапуваат во бразилското првенство. Мора да им дадеме шанса на играчите кои се тука, а не на гости од странство“, изјави Да Силва.

„Седнав и го гледав натпреварот. Ги препознав само голманот (Едерсон), централниот дефанзивец на ПСЖ ( Маркињос), Родриго и Рафиња, кои ги препознав по нивната коса. Ставете ги играчите кои играат овде во бразилскиот шампионат да играат за репрезентацијата“, додаде претседателот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола го избра најдобриот фудбалер на сите времиња: Ова не е непочитување на Пеле и Марадона

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го стуваше во италијанската емисија „Che Tempo C…