Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте јавно му порача на раководството дека му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок.
Конте пред неполни два месеци пристигна во Тотенхем и вели дека очекувал нивото на тимот да биде повисоко, па поради тоа бара нови засилувања.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
„Потребни ни се нови играчи, по само две недели тука видов дека мора да го подобриме квалитетот на овој состав. Ќе видиме какви ќе бидат нашите решенија, но јасно е дека сакаме да ги задржиме најдобрите и да се засилиме со квалитени фудбалери“, изјави Конте.