Тренерот на Интер, Антонио Конте на денешната пресконференција пред утрешното дерби со Милан зборуваше и за скандалот помеѓу Лукаку и Брозовиќ.
Сите медиуми во Италија ја објавија веста дека дошло до жестока расправија во соблекувалната после мечот со Славија Прага во лигата на шампиони.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Мислам дека премногу се зборува за Интер, како на телевизија, така во весниците. Очигледно некои клубови се подобри во тоа да не допуштаат излез на информации. Треба да пораснеме повеќе и надвор од теренот. Брозовиќ е добро момче со многу квалитети, има огромен потенцијал и го покажа тоа. Може да биде еден од најдобрите играчи за врска во светот“, истакна Конте.
„Утре ќе играме против многу добар тим и ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што можеме. Во секој меч се обидуваме да дадеме максимум, некогаш успеваме, некогаш не. Не е лесно да се биде тренер на Интер, треба да се стремиме да пораснеме не само на теренот, туку и надвор од него. Пред нас е дол пат“, заклучи Конте.