Менаџерот на Челзи, Антонио Конте имал бесони ноќи додека го подготвувал дуелот со Барселона во Лигата на шампиони.
Пред неколку дена „сините“ го победија Хал со 4:0 во натпревар од ФА Купот, а Конте призна дека после тоа не можел да спие.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После натпреварот во купот ми беше тешко да заслијам. Кога играш вакви натпревари треба да се подготвиш на најдобар можен начин. Треба да се подготват сите детали. Имаме идеја, и јасен план во нашите глави“, истакна Конте.
„Во овој специфичен момент важно е играчите да бидат во најдобра форма. Треба да го дадеме најдоброто од себе си во овој меч. Нема да ни биде лесно, треба да бидеме внимателни и да ја играме нашата игра. Во овој дуел сме аутсајдери, тоа е сигурно“, заклучи Италијанецот.