Дома Фудбал Англија Конте направи хаос на прес-конференцијата поради Азар

Конте направи хаос на прес-конференцијата поради Азар

Белгискиот фудбалер, Еден Азар во последно време игра под очекувањата, а многумина веруваат дека на крајот на сезоната би можел да го напушти Челзи.

Јасно е дека Азар има проблеми да се врати во форма и може да се види дека тој едноставано „страда“ на теренот. Гласини околу новиот договор, евентуално заминување во Реал Мадрид и односот со Конте дополнително го притискаат Азар кој се побидува да ја пронајде вистинската форма.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпекулациите околу останувањето или заминувањето на Азар очигледно дека го налутиле и италијанскиот стратег, бидејќи Белгијанецот беше главна тема на речиси секоја прес-конференција. Конте одлучи да стави крај на сето тоа, откако „полуди“ на прашањето на новинарот – „Дали Азар е среќен“.

„Тоа не е важно. Јас сум тренер и тоа одлучувам. Вие сте загрижени дали некој играч е среќен или не. Мојата задача е да го направам најдоброто за играчот и екипата, а не да направам некој фудбалер среќен. Секој прес е ваков, се прашувате дали сум загрижен проади тоа што што некој играч не е среќен. Па, не се грижам, се грижам само за натпреварите, победите или поразите“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик по дебаклот: Обвинете ме мене…

Eкипата на Барселона вчера го претрпе првиот пораз во Ла Лига и тоа беше вистински дебакл …