Антонио Конте повеќе не смета на Диего Коста, а поради тоа се отвори прашањето кој ќе го наследи натуралираниот Шпанец во нападот на „Сините“.
Голема желба на италијанскиот стратег е Ромелу Лукаку кој во Челзи не доби вистинска шанса. Белгиецот е еден од најдобрите напаѓачи во Европа во овој момент, а за тоа се свесни и на „Гудисон парк“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, Евертон веќе ја одредил цената за Лукаку, а таа изнесува неверојатни 115 МИЛИОНИ евра!
Сигурно дека ова е огромен шок за управата на Челзи, која веројатно не планираше на Лукаку да потроши повеќе од 90 милиони евра.
Сепак, Роман и Челзи сигурно нема лесно да се откажат, па веројатно помеѓу двата клуба следуваат долги преговори.