Дома Фудбал Англија Конте искрен: Не сме способни да се бориме за титулата!

Конте искрен: Не сме способни да се бориме за титулата!

После поразот од Вест Хем, тренерот на Челзи, Антонио Конте и официјално крена „бело знаме“ и се откажа од титулата во Премиер лигата.

Италијанецот после мечот беше брутално искрен и изјави дека неговиот тим не може да ја одбрани титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ако сакаш да бидеш во трката, потребен е континуитет во резултатите. Нашиот случај не е таков. Ако загубиш четири од 16 натпревари, ти веќе не си во трката. Кога ќе загубиш од Вест хем, кој е при самото дно на табелата, тогаш треба да ти биде јасно дека тимот е далеку од одбрана на титулата. Треба да ги промениме нештата“, изјави Конте.

Челзи по 16 одиграни кола на Премиер лигата е на третата позиција на табелата со 32 бода, 11 помалку од првопласираниот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед го победи Сити, но овој старт ќе биде тема во Англија: Дали Далот требаше да биде исклучен?

Португалскиот дефанзивец Диого Далот изведе груб старт врз Жереми Доку за време на дербито…