Дома Фудбал Англија Конте има проблеми: Најголемото засилување нема кондиција

Конте има проблеми: Најголемото засилување нема кондиција

Менаџерот на Челси, Антонио Конте смета дека новото засилување во тимот, Алваро Мората мора да работи на кондицијата.

Мората пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Реал Мадрид за 58 милиони фунти, а оваа цифра може да оди и до 70 милиони зависно од играта на Мората во плавиот дрес.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач се придружи на екипата која моментално се наоѓа на турнеја во Азија, а Конте потенцира дека тој мора да ја поправи кондицијата за што побрзо да се прилагоди на тимот.

„Мората тукушто почна да тренира со нас. Мора да ја поправи кондицијата за да се прилагоди на тимот. Тој добро работи, но имаше само пет дена. Се труди и дава се од себе, но сигурно ќе мора да ја подобри физичката подготвеност“, истакна Конте.

Мората за потсетување, со Челси потпиша петгодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хендерсон скршен од болка: Се појави пред „Енфилд“ да оддаде почит на Жота (Фото)

Џордан Хендерсон беше преплавен со емоции и му оддаде почест со цвеќиња на својот пријател…