Дома Фудбал Репрезентации Конте ги одби, остануваат само двајца кандидати за селектор на Италија!

Конте ги одби, остануваат само двајца кандидати за селектор на Италија!

Селекцијата на Италија до 20 мај ќе добие нов селектор и тоа нема да биде сегашниот човек на клупата, Луиџи Ди Бијаџо.

Ди Бијаџо ќе остане во таборот на новиот селектор, на списокот се две имиња, а најважната вест е дека испадна Антонио Конте.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Конте одбил да преговара и медиумите шпекулираат дека се надева на повик од ПСЖ, а има и договор со Челзи до 2019 година, па и да добие отказ ќе ужива во големата плата.

Сега во игра за селектор на Италија остануваат две имиња, Анчелоти и Манчини. Првиот е желба на сојузот, додека Манчини изгледа дека е најмногу расположен да ја превземе Италија, но ќе мора да се откаже од големата плата која ја добива во Зенит..

Покрај селекторската позиција, Пирло и Малдини ќе му се вратат на фудбалот и ќе бидат во сојузот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Изненадување во Барселона: Флик сака да го врати „предавникот“ за 70 милиони евра!?

Барселона повторно го пропушти Нико Вилијамс, Луис Дијаз е прескап, па сега се појави нова…