Дома Фудбал Англија Конте: Верувам дека Тотенхем може да освојува трофеи

Конте: Верувам дека Тотенхем може да освојува трофеи

Менаџерот на Тотенхем Антонио Конте истакна дека го направил вистинскиот избор кога неодамна пристигна во лондонскиот клуб.

Италијанецот ќе добие голем буџет за трансфери, но сепак одби да зборува за зимскиот преоден рок.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Знам дека во моментов сме далеку од тимовите кои се при врвот, но треба да работиме за да ја подобриме ситуацијата. Можеме да го направиме. Знам дека не е лесно, но јас имам голем ентузијазам и трпение и верувам дека можеме да освоиме трофеи. Потребно ни е време и трпение, а јас исто така имам желба да направам нешто големо со Тотенхем“.

„Ја прифатив работата затоа што чувствувам дека Тотенхем е вистинскиот клуб за мене. Тоа е клуб во кој можам да ги претставам своите идеи и филозофија на фудбалот. Јануари е далеку. Треба да се сконцентрираме на тоа што имаме како задача во декември и да се качуваме на табелата. Јас верувам во овие момци“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италијанците им забранија на навивачите на Црвена Звезда да доаѓаат во Милано

Фудбалерите на Црвена звезда ќе имаат две гостувања во Милано како дел од групната фаза од…