Дома Фудбал Англија Конте: Би можел да ги тренирам Милан и Интер!

Конте: Би можел да ги тренирам Милан и Интер!

Тренерот на Челзи, Антонио Конте призна дека би сакал да се врати во Серија А, и дека нема ништо против да седне на кормилото на најголемите ривали на Јувентус.

Италијанскиот стратег најголемиот дел од кариерата ја помина во Јувентус, но често е поврзувам со миланските клубови. Пред две години беше на чекор да го превземе Милан, а сега се шпекулира дека новото раководство на Интер е спремно да му понуди цело богатство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Моето срце секогаш ќе биде во Италија“, изјави Конте, а на прашањето дали неговата плата е превисока за миланските гиганти, одговори:

„Сега кога дојда новите сопственици, се е можно“.

Со овој одговор Конте алудираше на доаѓањето на Кинезите во Интер и Милан, па со самото тоа се очекуваат големи вложувања во миланските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок во Турција: Почина млада фудбалерка на само 13 години

Турската јавност и спортската сцена се во длабока жалост поради трагичната вест за заминув…