Дома Фудбал Англија Конечено ефикасен Ливерпул: Клоп ја доби битката со Мурињо во Лондон! 🎥

Конечено ефикасен Ливерпул: Клоп ја доби битката со Мурињо во Лондон! 🎥

Фудбалерите на Ливерпул вечерва на гости го победија Тотенхем со 3:1 во дербито од 20. коло во англиската Премиер лига.

Тотенхем добро го отвори натпреварот и поведе уште во третата минута кога Сон погоди за 1:0, но псоле прегледувањето на ВАР снимката беше поништен гол. Домаќините се закануваат и во 22 минута кога Сон одлично шутираше. Алисон тоа го одбрани. Две минути подоцна Ливерпул имаше шанса преку Мане, но на другата страна Лорис реагираше добро.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во последните секунди од првиот дел Ливерпул поведе со 1:0. Мане помина по левата страна и уфрли во петерецот, а таа топка ја искористи Фирмино.

После само две минути во второто полувреме Ливерпул стигна до 2:0, Арнолд беше стрелец. Тотенхем ја намали предноста со одличниот гол на Хојберг. ВАР подоцна поништи гол на Салах.

Одбраната на Тотенхем уште еднаш лошо реагираше, а овој пат таа грешка ја искористи Мане кој погоди за конечни 3:1.

Ливерпул со овој гол се искачи на четвртот место со 37 бодови, додека Тотенхем е шести и има четири бода помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан спрема трансфер „бомба“

Бернардо Силва неодамна даде на знаење дека би можел да го напушти Манчестер Сити по истек…