Македонскиот полициски синдикат по 20-ти пат ги одржа спортските синдикални игри, а компанија Mozzart како повеќегодишен поддржувач на Синдикатот повторно помогна за успешна организација и реализицација на настанот.
Оваа година на Спортските игри и средби учествува околу 650 членови, домашни и странски гости на МПС. Игрите ги отвори Министерот за Внатрешни работи, а манифестацијата беше голем меѓународен настан на кој присуствуваа делегации од Словенија, Италија, Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Португалија, Австрија, Кипар, Грција, Албанија, Бугарија, Романија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Хрватска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да изразам голема благодарност до општествено одговорната компанија MOZZART која како и претходните години, така и сега несебично помогна успешно да се спроведе настанот. Реализацијата на овие игри придонесува да се одржи спортскиот дух и пријатната атмосфера помеѓу членовите, со меѓусебно дружење и размена на искуства од секојдневното работење. Затоа се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги одржуваме, со огромната поддршка која ја добиваме од нашите спонзори и долгогодишни пријатели.“ – изјави претседателот на Македонски полициски синдикат, Д-р Марјан Кицев.
Членовите на Македонскиот полициски синдикат се натпреваруваа во разни спортски дисциплини, баскет, мал фудбал, одбојка, пикадо, табла, атлетика и шах. Оваа година за прв пат промотивно се организираше дисциплина пливање за мажи и жени на која присуствуваше Претседателот на државата.