Манчестер Јунајтед синоќа на домашен терен го совлада Стоук Сити со 3:0 во рамките на 23. коло од англиската Премиер лига.
„Црвените ѓаволи“ одиграа уште еден многу добар натпревар и без поголеми проблеми стигнаа до нови три бода. По натпреварот во центарот на вниманието беа Џеси Линдард и Маркус Рашфорд, кои уште еднаш ги насмеаа навивачите на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лингард и Рашфорд се многу добри пријатели, а тоа беше забележано и за време на измената. Лингард излезе од игра, а на неговото место влезе Рашфорд. Но, додека Линдард излегуваше, многумина видоја дека Рашфорд му кажуваше да побрза, бидејќи беше многу студено да го чека пред аутлинијата.
Rashford saying to lingard ‘hurry up it’s fucking freezing’ as he takes the piss to come off the pitch ?
— Reece Jones (@ReeceJones1997) January 15, 2018