Екипата на Интер со голем пресврт против Тотенхем во последните минута од натпреварот ги запиша првите три бода во првото коло од Лигата на шампионите.
Тотенхем беше подобар ривал скоро 85 минута, а потоа Мауро Икарди со мајсторски погодок ги разбуди своите соиграчи. Изедначувачкиот гол донесе голема еуфорија на стадионот, но она вистинското следуваше седум минути подоцна кога Матија Весино погоди за целосен пресврт!
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
После овој погодок не беше мирно ниту во студиото на „Скај Спорт“ каде што коментаторот на натпреварот скоро и да остана без глас после победничкиот погодок.